ВИДЕО: Заев им порача на Груевски и Ахмети да здивнат од кампањата и да дојдат на карневалот во Струмица

Од:

Кандидатот за трет градоначалнички мандат на општина Струмица Зоран Заев денеска ги покани сите политичари во Република Македонија претстојниот викенд да дојдат во Струмица и да бидат негови гости за карневалот. Тоа според него ќе биде одлична можност да здивнат од кампањата и да уживаат во една од најголемите културни манифестации во Македонија, струмичкиот карневал.

„Да не заборавиме дека кампањата ќе помине и после тоа сите живееме овде во ова наше општество. Сите заедно работиме и се трудиме меѓусебно да си помогнеме, затоа сакам да пуштам покана да бидат мои гости овде во Струмица, покрај моите од Сојузот за иднината и премиерот Никола Груевски и министрите во владата, посебно оние кои соработуваат со општината, министерството за транспорт и врски, министерството за култура, министерството за образование, министерството за екологија.

– Да ги поканам политичарите од албанските политички партии кои што ќе имаат навистина неповторлива можност да здивнат и од кампањата. Овие денови Струмица живее за карневалот.

– Јас сум карневалист заедно со моите сограѓани. Јас ќе здивнат од кампањата за време на карневалот, препорачувам да бидат мои гости да дојдат, ем да здивнат од кампањата, ем да пуштиме позитивна порака до сите во Република Македонија“, рече Заев.

Карневалските празнувања во Струмица почнуваат в петок со традиционалниот маскенбал, а главната карневалска вечер е в сабота кога по улиците на Струмица се очекува да продефилираат над три илјади маскирани учесници. Според најавите, карневалот во Струмица годинава ќе привлече над 30 илјади посетители од државата и странство.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски