ВИДЕО: Заев и Жерновски заедно против Шпански скали и улица на Кејот

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одржаа заедничка прес конференција, на кејот, каде што Град Скопје донесе одлука да изгради улица.

Заев посочи дека централното градско подрачје во Скопје станува се попроблематично место на живеење.

„Од бомбите, од прислушуваните разговори, чувме дека Никола Груевски е главен планер и архитект за градбите и спомениците во Скопје. За проектот „Скопје 2014“ нема анкета и граѓаните не се прашани за инвестицијата од 600 милиони евра. Сообраќајниот метеж, со ова, бидејќи нема инфраструктурна поставеност, дополнително се компликува. Ние од СДСМ, градоначалникот Жерновски и опозициските советници градиме партнерство со граѓаните“, рече Заев.

Тој посочи дека пред наши очи се сечат дрвја и се уништуваат паркови.

„Доаѓа време, кога власта ќе се врати кај граѓаните, бидејќи се работи за нашиот главен град. Не се работи за инает и реваншизам туку за заеднички интереси. Решение мора да се изнајде и тоа заедно со граѓаните бидејќи дрскост и безобразие е тука на Кејот да се гради улица“, рече Заев.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски посочи дека небулозните градби и скулптури под проектот „Скопје 2014“ не им носи корист на граѓаните. На само две недели од назначувањето на новите министри има офанзива на нови градби од „Скопје 2014“.

„Денеска на седница на советот на Општина Центар, ќе донесеме забрана за градба на овој потег, кој ја опфаќа и улицата на Кејот, но одлуката нема да се дозволи и изградба на Шпански скали, а не само на оваа небулозна улица. Ги повикуваме луѓето на власта да се откажат од изградбата на вакви градби, во спротивно ќе изгласаме забрана на сите градби. Ја повикуваме и стручната јавност да се вклучи во ова, ги повикуваме и граѓаните и невладините организации, бидејќи ова е битка за интересот на граѓаните“, вели Жерновски.

Ова посочи не е политичка одлука на опозицијата. Жерновски му понуди рака и на градоначалникот Коце Трајановски заеднички да застанат против изградбата на улица на Кејот на Вардар.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ