А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Заев: И „Ровер“ за Бошкоски е целосно измонтиран процес

by А1он02/03/2015 - 22:4102/03/2015 - 23:45203
Share0

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечершното интервју на ТВ Телма посочи дека двата процеси „Кампања“ и „Ровер“ за Љубе Бошкоски се политички монтирани и дека поседува докази за тоа.

Добивај вести на вибер

– Знаат сите како се носат судски пресуди. Слушнавте за Љубе Бошкоски. И таму имаше снимки за заштитениот сведок кои ние не ги објавивме, не смееме заштитениот сведок, но тоа секако ќе оди и ќе се користи во една судска разрешница, рече Заев.

Според него, договаран е процесот „Ровер“ во кој Бошкоски доби 12, а потоа 10 години затвор, повторно со помош на заштитен сведок.

– Имаме како уште тогаш се договарал „Ровер“, и тој е цел измонтиран процес, малку било да го намести за да му се освети лично, ама нека има нешто второ за да го држи долги децении во затвор. Кој болен ум е тоа? Еден куп луѓе се на ветрометина на врхушката на власта. Поединци се во прашање, не е целото ВМРО. Нека ги слушнат снимките, без разлика кој снимал, нема дилеми што процесот ќе покаже. Ќе падне Груевски, ако не даде оставка, тој ќе замине од политичката сцена вака или онака, рече Заев во интервјуот на ТВ Телма.

Бошкоски во двата процеси е осуден со помош на заштитен сведок, а и тој во неколку наврати кажа дека сите кои учествуваа во неговото местење и во пресудата, ќе одговараат еден ден во транспарентна судска постапка.

puc

Би можело да ве интересира

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов04/11/2019 - 14:1004/11/2019 - 14:15

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов04/11/2019 - 12:1204/11/2019 - 14:11

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов28/10/2019 - 10:4228/10/2019 - 10:42

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов24/10/2019 - 15:5224/10/2019 - 15:59

СЈО нема кривично да го гони Звонко Костовски во предметот „Пуч“

Наум Локоски14/09/2018 - 16:43

Врховен суд: Не може да одговара помагачот за прислушувањето, ако не биде осуден Зоран Верушевски

Ана Ололовска15/12/2017 - 15:1115/12/2017 - 15:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен