(ВИДЕО) Заев и Пендаровски од Битола: Да гласаме за иднината на младите луѓе во европска држава!

Од:

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски на митингот во Битола апелираа граѓаните да ги поддржат отворените перспективи во ЕУ и НАТО, затоа што тоа е глас за иднината на младите луѓе во родната земја.

-Кој се не дојде во оваа земја да ни стисне рака, затоа што се покажавме како модел за решавање на прашањата во државава и во регионот: германската канцеларка, британската премиерка, шефот на Пентагон – зашто веруваат во овој тим на премиерот Заев дека може да ја изведе државата на европскиот пат, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, на митингот во Битола.

Тој посочи дека се отворени шансите за младите за живот во родната земја.

-Сега со влезот во евро-атлантските интеграции, сите млади ќе ја имаат шансата овде да се вработат, да основаат семејство, за среќа. Да не ги гледаме младите по скајп, да ја кренеме економијата и да ги задржиме младите овде, повика претседателскиот кандидат Пендаровски.

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев посочи на првите економски резултати од отворените НАТО перспективи.

-Соборуваме рекорди, постои можност до крајот на годината нашата земја да стане полноправна членка на НАТО. Има 624 милиони евра странски инвестиции, 19 странски големи компании одлучија да инвестираат, од технолошко – индустриските зони, вкупниот увоз – извоз бележи дури 26 проценти. Бројките се огромни, тоа значи побарувачка на работна сила и поголеми плати. Тоа е патот по којшто мора да се движиме, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој побара одговорно гласање на претседателските избори, во интерес на младите луѓе.

-Да не го уништиме патот на младите, да гласаме за Стево, да гласаме за младите луѓе и за идните генерации, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев од митингот во Битола.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он