ВИДЕО: Заев и општина Струмица во посебна акција за Денот на дрвото

Од:

Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица и оваа година не се вклучија во националната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, туку, реализираа паралелна и посебна акција потврдувајќи го на вистински начин својот сериозен однос кон животната средина.

Со повеќегодишни и квалитетни садници се вршеше пошумување на старата струмичка депонија која што се наоѓа до гасната станица на Јавното претпријатие „Струмица гас“ на транзитниот пат на излезот од Струмица кон Валандово.

– Неколку години по ред општина Струмица, јавните претпријатија, администрацијата, паралелно и посебно го реализираат Денот на дрвото во која се вклучени приватни компании, противпожарната служба и заедно на избрани локации засадуваме дрво. Се работи за засадување на туја, секако општествена одговорност од јавните претпријатија е вградена и на оваа локација која што е старата депонија за цврст отпад од оваа година веќе почнуваме со обновување со засадување на дрва заради тоа што согласно законот конзервирањето на старите депонии се врши на таков начин.

5

– Истовремено, основните и средните училишта денеска во дворовите на самите училишта ги засадуваат дрвата кои што ги имаат заради тоа што тие се со споделена надлежност меѓу општината и државните институции како што е министерството за образование, рече градоначалникот Заев.

Би можело да ве интересира

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски