ВИДЕО: Заев ги донираше средствата од добиена тужба за клевета на центарот „Порака“ и за лекување на четири деца

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска ја потврди својата хуманост и континуирана грижа за лицата со посебни потреби.

Тој беше дел од велигденскиот хуманитарен хепенинг кој во организација на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ и Младинскиот клуб при општинскиот одбор на Црвениот крст се одржа во Струмица и истите ги поддржа со купување на нивни изработки со велигденски мотиви.

5

Но, најголемиот хуманитарен гест, градоначалникот Заев го направи со донирањето на 200 илјади денари, средства од добиена тужба за клевета против него и тоа на центарот „Порака“ и четири дечиња на кои им е потребно лекување.

– Со месеци, а можеби и една година, политичари, квази политичари, бандити и криминалци од секаков вид, ме обвинуваа за поткуп, за шпионажа, за странски служби. Дел од нив одлучив да ги тужам за навреда и за клевета. Три пресуди  од нив се добиени, едната е 200 илјади денари, втората 150 и третата 300 илјади денари. Конечна и извршна е првата пресуда и парите ги наплативме преку извршител.

– Ја користам денеска можноста да испратам порака дека со наплата на овие пари сигурно дека мојата чест и углед нема да бидат возобновени, но мојата душа ќе биде делумно залечена со чинот кој што денеска ќе го направиме, а тоа е после плаќањето на персоналниот данок од десет посто за државата Република Македонија, 60 илјади денари ќе донирам на центарот за помош на лицата со интелектуална попреченост „Порака“ и по 30 илјади денари на четири дечиња од општина Струмица и општина Василево на кои што им треба помош за лечење, а тоа се Македонка Андонова 2,5-годишно девојче од населеното место Ангелци за блничко испитување во странство, Анѓела Стојанова 7-годишно девојче од Муртино на кое што му се потребни средства за операција, Ѓорѓи Василев 7-годишно момче од истото село на кое му се потребни средства за лечење и Мартина Манушева 11-годишно девојче од исто од Муртино за лекување во Германија.

7

– Денеска е Лазарова сабота, доаѓа Велигден, да ја испратиме пораката да помагаме, да го правиме тоа секогаш кога можеме, заради тоа што, ако не друго, барем ќе си залечиме дел од душата, а сите имаме по некоја болка на нашата душа, рече градоначаликот Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев