(ВИДЕО) Заев: Гасификацијата на Кратово е важна за развојот на индустријата, за нови работи места и за заштеда на енергија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше со граѓаните на Кратово. Пред жителите на Кратово, Заев порача дека советничката листа и кандидатот за градоначалник на Кратово, Љупчо Бојаџиев имаат поддршка од него, и ќе има поддршка од Владата и од парламентарното мнозинство во реализирање на мерките кои носат живот за сите.

Тој ги повика жителите на Кратово на 15-ти да го поддржат кандидатот за градоначалник на Кратово на СДСМ и советничката листа за реализирање на проекците за подобрување на животот на сите граѓани, за градење по план, за отворена и услужна општина за сите.

– Убеден сум дека можеме да го гасифицираме Кратово. Јас ја гасифицирав Струмица. Овде тоа е многу возможна мисија. Гасификацијата е многу важна, за развојот на индустријата, за отворање работни места, но и заштеда на енергија во училиштата, во детските градинки, во болниците. 68% од енергијата може да се заштеди, по примерот на Струмица, истакна претседателот Заев пред кратовчани.

– Кога зборуваме за живот, зборуваме и за политики коишто ќе создадат услови младите да можат да заработуваат и да основаат свои семејства тука, во Кратово. Целта ни е младите да не размислуваат да ја напуштат државата. Младите овде да го планираат животот. Никаде не е подобро од дома, додаде претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски