(ВИДЕО) Заев: Децентрализацијата ќе им овозможи на општините да бидат функционални и финансиски стабилни

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министри во Владата на Република Македонија учествуваше на конференцијата „Децентрализација: Патот што претстои“, во организација на ЗЕЛС и ОБСЕ.

На конференцијата се говореше на теми што се однесуваат на процесот на децентрализација, начините за подигнување на капацитетноста на општините и идните правци на соработка помеѓу централната и локалната власт.

„Процесот на децентрализацијата мора да се заокружи на системски начин што ќе им овозможи на општините да бидат функционални и финансиски стабилни, а од друга страна непречено и квалитетно да ги извршуваат обврските и услугите кон граѓаните“, рече Заев.

Тој оцени дека Владата во период од 18 месеци успеала да ги врати општините и рамномерниот регионален развој високо на својата агенда на приоритети. Премиерот потсети и дека за следната година за рамномерен регионален развој издвоени се 100 проценти повеќе пари во однос на 2017, или за над 50 насто повеќе во однос на 2018 година.

„Наша цел е овие средства континуирано да се зголемуваат до целосната трансформација и целосното насочување за реализација на Законот за рамномерен регионален развој по кој треба да се обезбедат законските 1 отсто од БДП со зафаќање од капиталните инвестиции коишто би се распределувале според степенот на развиеност во сите плански региони. Знаејќи со какви тешки финансиски проблеми и големи долгови се соочуваа најголем дел од општините Владата на Република Македонија со ребалансот на буџетот за 2018 со 50 милиони евра вкупен износ на финансиски средства им помогна на општините да сервисираат 50 проценти од својот долг“, истакна Заев.

Целта на ваквиот чекор, како што рече, е да се ослободи развојниот потенцијал на општините кој беше долги години заробен во наталожени долгови и блокирани сметки.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Владата спроведува партиски реваншизам кон општините во минатите две години

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов