(ВИДЕО) Заев против Николоски во суд: Целиот процес е масло на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во Граѓанскиот суд во Скопје денеска се одржа рочиште по тужбата на премиерот Зоран Заев за потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за клевета за изјавата на Николоски дека „Заев е врвот на пирамидата во случајот „Рекет“.

На првото рочиште Николоски како доказ ја прикажал снимката на осудениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, во која тој изјавува дека „парите од Рекет треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви“.

Премиерот Заев по рочиштето изјави дека зад целиот процес стои ВМРО-ДПМНЕ и дека очекува судот да докаже дека Николоски неосновано клеветел.

-Јас тврдам дека овој процес за моја наводна поврзаност со рекетирање е масло на ВМРО-ДПМНЕ и затоа без барам кривична одговорност со тоа што очекувам судот да потврди дека се работи за клевета, навреда и за нарушување на мојот чест и углед, истакна Заев одговарајќи на новинарско прашања.

Премиерот и претседател на СДСМ посочи дека тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски не се поткрепени со никакви докази и аргументи, и дека очекува процесот пред судот тоа и да го покаже и Николовски да биде казнет за јавно изречените клевети.

Николоски, пак, по судското рочиштето изјави дека се брани сам, без адвокат, и дека се обидува правно да ја добие битката.

-Јас тоа сум го кажал во текот на август 2019-та година врз основа на сите сознанија кои што стигале до мене во тој момент. После тоа времето покажа дека сум бил во право. Затоа што во август 2019-та година тезата беше дека е рекетиран еден бизнисмен. Во февруари 2021-та година сите знаеме дека се рекетирани повеќе бизнисмени, тоа не го утврдив јас, го утврди Кривичниот суд во Република Македонија. Во август 2019-та година тезата беше дека се изрекетирани помеѓу еден и еден ипол милион евра, сега сумите со она што досега го има докажано Кривичниот суд можеби ќе ја надминат таа сума од 20 милиони евра, изјави Николоски.

Заев го тужи Николоски за изјава дадена во август 2019 во контекст на случајот „Рекет“ во која го обвинува дека е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра. Заев како отштета бара 60.000 денари

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска