(ВИДЕО) Заев: Aпсурдни се нападите на Мицкоски по инструкции од Будимпешта

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев за ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека на маса нема да седнат додека не ги прифати нивните забелешки за законот за јавно обвинителство вели дека тоа се прави по инструкции од Будимпешта.

Прво, да се бара од опозицијата да биде предложен Јавниот обвинител се испраќа пораката дека Мицкоски има намера да остане опозиција, второ вака да се настапи критички за еден закон којшто знаат и тие и ние е целосно во координација со Европската делегација и ЕУ и правниот сектор на САД којшто работи со нас, е дефинитивно далеку од било каква нормалност во вакви сериозни моменти пред коишто сме. Морам да кажам дека самиот ваков закон е потврда дека нема ништо од она што беше кажано на прес конференцијата, дека некој се обидува на амнестира случаи, да скрие криминали на актуелна власт или слично за тоа е потврда што законот е направен во консултација и зад него стојат ЕУ и САД, рече Заев.

Втората важна работа за ваквата прес конференција е тоа што инструкцијата доаѓа од Будимпешта, и нема ништо помалку ниту повеќе од тоа.

Трето, самиот закон е направен политичарите да не местат обвинители, туку тој да биде структурно, системско решение далеку од рацете на политичарите во функција на јакнење на независноста и јакнење во правосудството.

Со самиот овој закон се гарантираат сите актуелни случаи, започнати предмети и истраги без разлика за кого се однесуваат во државата, тука се и предметите којшто беа од СЈО, од организиран криминал, сегашни или минати и веројатно обезбедуваат и идни предмети.

Ако навистина се за вакво решение, јавно повикувам, а веројатно тоа ќе го направи и министерката за правда како лидер на работната група од наша страна, уште утре да седнат работните групи и веднаш да разговараат на писмени материјали за сето тоа да го решиме во функција и интерес на граѓаните.

Во спротивно, оставаме само политиканство и сериозна потврда дека некој постои и функционира само за да го заташка криминалот, да го спречи тоа што значи одговорност за криминалот без разлика за кого се однесува во државата.

Сега и требаме сите на државата, можеме да дадеме аргумент плус за нашиот народ, имаме системско решение, можеме да дадеме аргумент на пријателите а тоа се лидерите на земјите членки на ЕУ и ЕК да имаат уште еден аргумент за конечните одлуки кога ќе ги носат за така историски важни одлуки за нас, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

Мицкоски: Украденото мора да се врати на народот, криминалот не смее да се исплати

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините