ВИДЕО: Заедничка литургија на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан

Од:

Во Соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец” во Истанбул денеска вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан одржуваат прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква. Владата соопшти дека премиерот Димитар Ковачевски ќе има тет-а-тет средба со патријархот Вартоломеј.

На литургијата предводена од поглаварите на двете цркви, присуствуваат и митрополитите дебарско-кичевски г. Тимотеј и преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископите хераклејски Климент и антаниски Партениј, повеќемина ѓакони, како и монаси од Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител” и монахињи од манастирот Рајчица „Свети Георгиј Победоносец”.

Во Истанбул е е владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, а таму се и министрите министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана Славјанка Петровска и за внатрешни работи Оливер Спасовски. Предвидено е членовите на владината делегација да бидат примени од вселенскиот патријарх Вартоломеј, а покрај тоа тој ќе има и одвоена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Сочувство од архиепископот Стефан за упокојувањето на папата Франциск

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за трагедијата во Кочани

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ