ВИДЕО: Забрана за градење на охридското крајбрежје, рушење и намалување на катноста, за Охрид да остане во УНЕСКО

Од:

Планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот Регион предвидува забрана за градба на крајбрежјето, рушење објекти што прават крајбрежна трансформација, но намалување на катноста на објектите, кои во идинина ќе се градат во Охрид, Струга и во Дебарца. При изработката на планот нотирано е дека намален е квалитетот на водите поради реката Сатеска и таа е најцрната точка за Охридскиот Регион. Според нив, градот има прекумерна трансформација и поради невнимание на општините, односно користеле бекатон-плочи на плоштадот, несоодветни сообраќајни решенија, поставување клима-уреди, билборди, големи објекти и поради користење несоодветни материјали.

Ана Петровска од Министерството за животна средина, која работела на изработка на планот, вели дека со зоните што ги направиле, ќе се воведе ред во Охрид и Струга. Засега не е утврдено кои од изградените објекти ќе останат во строго забранетата заштитна зона. За нив ќе пресуди студијата за оцена на културното наследство и животната средина.

„Се вопоставуваат заштитни зони и во градовите Охрид, Струга и во населбите, особено во крајбрежните делови, кои се многу важни да се стави под контрола урбанизацијата на начин што со зонирањето се обезбедува заштита на строгите споменички целини, односно јадрата во двата града. Имаме и контактни зони, односно втора и трета зона во рамките на градовите каде што се ограничуваат процентот на изграденост и катноста на објектите со цел да се сменат промената на пејзажот и амбиенталните вредности. Крајбрежјето ќе се решава со еден интегрален урбанистички план од значење за државата, каде што овие режими дефинирани со планот ќе се имплементираат“, рече Петровска.

Според министерот Едмонд Адеми, некои од спроведените препораки за зачувување на УНЕСКО-статусот не се видливи и поради тоа во јавноста може да се створи погрешна перцепција. Тој смета дека клучниот проблем била комуникацијата меѓу државните институции и УНЕСКО и тоа е надминато. Запрашан за проблемот со дивоградбите, Адеми рече дека тоа прашање ќе се решава тековно потенцирајќи дека тие објекти не се единствениот проблем на Охрид, туку дека има и други забелешки, кои мора да се решат.

„Од јули до денес можам да ги потенцирам следните значителни исчекори: привремен прекин на сите градежни работи и легализација на територијата на Охридскиот Регион, се финализира планот за управување со културното и природното наследство, се финализира регистарот на дивоградбите во Охридскиот Регион, односно за Охрид и Дебрца е завршен, а очекуваме до крајот на месецот да ги добиеме информациите од Општина Струга. Се решава проблемот со колекторскиот систем. Со ребалансот на буџетот Владата одвои 50 милиони денари за ЈП ‘Колекторски систем’“, вели Адеми.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион