ВИДЕО: За Заев предизборниот период е сензитивен за да се решава судбината на џамијата во Охрид

Од:

Додека охриѓани чекаат институциите да пресечат дали Алипашината џамија треба да има 32-метарско минаре, но и дали има дозвола за градба, премиерот Зоран Заев изјави дека ова прашање ќе се решава на средба меѓу засегнатите страни во Владата.

d

Но, разговорите во владиниот кабинет за наоѓање решение ќе продолжат дури по претседателските и градоначалничките избори во Охрид. Заев пред две недели беше дециден дека тие ќе се водат според словото на законот, а откако ИВЗ излезе со став дека нема компромис за изградбата на минарето, премиерот ги ублажи ставовите и денес потенцираше дека треба да се почитуваат и други околности, но не прецизираше кои се тие.

„Поради тоа што е сензитивен период, доаѓаат избори, а Охрид е пример на соживотот и меѓурелигиското разбирање, за ова прашање заедно на заеднички состанок по 5 мај ќе разговараме во Владата“, рече Заев.

Тој изјави дека постои решение за конзервација и реставрација, а потврди и дека за изградба на минарето нема одобрение за градба. Без одобрение, секаква градежна активност на минарето се смета за незаконска.

„Апелирам до охриѓани, но и сите други, со целосна почит меѓусебна со меѓусебно разбирање да продолжиме во рамките на законот, соживотот и во рамките на нашата меѓурелигиска разноликост“, рече Заев.

Од Исламската верска заедница пред три дена изјавија дека градежните работи се во тек и дека тие нема да престанат, оти компромис за изградбата на минарето не прифаќаат и покрај тоа што Обвинителството донесе решение за забрана на изведување градежни работи.

Заев контра нив, вели дека минарето не се гради.

„По состанокот кој го одржавме сопрена е изградбата на минарето. Во моментов знам дека може да се прочистуваат каналите околу самиот објект, кој што е во рамката на одржување на самиот објект. Верувам ќе ги испочитуваат своите ветувања и дадениот збор за да можеме во духот на Охрид и ова наше богатство да го најдеме решението на овој проект“, заклучи Заев.

Томе Џамтоски од „Совест“ претходно рече дека премиерот Заев им ветил дека ќе биде поставена жолта лента за забранет пристап до џамијата во Охрид, но такво нешто нема.

Основото јавно обвинителство отвори предмет за градежните работи на џамијата, а обвинителот констатирал дека правното лице опфатено во истрагата нема правосилно одобрение од Министерството за транспорт и врски. Судот по барање на Обвинителството донел решение за забрана за преземање и изведување градежни работи на објектот. Но, решението не се почитува.

„По извршен увид на терен, се забележи дека мерките на претпазливост не се почитуваат од страна на осомничените, а за утврдување на промената на фактичката состојба во повеќе наврати од страна на јавниот обвинител е издадена наредба до градежен инженер, кој излегуваше на самото место во присуство на полициски службеници“, изјавија од Обвинителството.

Во предметот на Обвинителството опфатени се 8 лица, некои се физички, а други правни субјекти. Меѓу нив се нарачателите и изведувачите на градбата.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка