(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Од:

Избегната е сериозна несреќа на пешачката патека „Студенчишта“ во Охрид, кога параглајдерист кој вршеше комерцијални летови со туристи, за „влакно“ не повреди мајка и дете кои се движеа по патеката.

Според снимка од настанот, параглајдеристот лета опасно ниско над пешачката зона и во последен момент ја избегна мајката со детето, по што удри во столб за улично осветлување и го оштети. На видеото се слуша и вознемирениот крик на мајката, која успеа да се тргне непосредно пред потенцијалниот удар.

Граѓаните кои секојдневно ја користат патеката реагираат дека ваквите ситуации се сериозна закана за безбедноста и бараат од надлежните институции итно да го испитаат случајот. Се очекува институциите да утврдат дали биле почитувани правилата за летање и дали параглајдеристот поседувал соодветни дозволи за изведување на комерцијални летови.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ