ВИДЕО: За некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите поради големи злоупотреби најавува Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицскоси и денеска повтори дека останува на ставот оти нема никаква потреба од предвремени избори кои би биле непотребен трошок за државата. За постојаните барања од ДУИ за одржување предвремени избори заедно со локалните следната есен вели дека има разбирање за нетрпеливоста на оние што се во опозиција.

– Ги разбирам политичарите во опозиција дека се нестрпливи и дека мислат оти со предвремени избори ќе ги решат проблемите. Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите коишто се поврзани со злоупотреби правени во минатото, рече Мицкоски.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети пред два дена на средба со европратеникот Микалис Рокас повторно рече дека единствен излез од ситуацијата околу легитимноста на владата во која колацициски партнер е ВРЕДИ се предвремени избори заедно со локалните.

Од СДСМ исто така порачуваат дека се подготвени за предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За една година со напорна работа, визија и домаќински пристап ја враќаме државата на нозе

Горан Наумовски

Преговорите со политичките партии се во тек, вели премиерот Мицкоски

ВИДЕО: Пуштени 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: За градоначалничката на Скопје, немам што да додадам

А1он

Мицкоски со порака до опозицијата: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес

Мицкоски: Склучивме Меморандум со Казанџи груп за градба на гасни централи во вредност од една милијарда евра