ВИДЕО: За Изаири некогаш пошироките улици се позначајни од шумите

Од:

Министерот за животна средина Нурхан Изаири во неделното интервју за Радио Слободна Европа, на прашањето за затворање на Југохром вели дека оредлогот што го дале за затворање на загадувачите, бил дополнет од Владата, која има одговорност да ги разгледа и економските и социјални аспекти, така што критиките дека во владата немаат разбирање околу животната средина, односно загадувањето на воздухот, според него е погрешна перцепција.

Сите во владата се грижат за тоа, но некогаш во владата, посочува, преовладува мислењето да се разгледаат економските и социјални аспекти.

Големата загаденост на воздухот во Скопје, според него, се должи на многу фактори, ндустриските капацитети, влијае и сообраќајот, старите возила, влијаат исто така и домаќинствата, така што има една голема лепеза на влијанија и чинители што го загадуваат воздухот.

Многу фирми кои бараа А интегрирана дозвола ги исполн ија еколошките стандардо, останаа уште неколку фирми на ниво на државата кои дополнително се усогласуваат со министерствтоо и со законската регулатива.

„Од први овој месец државата покажа и воведе еколошки ред, некои еколошки стандарди кои ги започнавме се докажаа со резултати, односно затворање на Макстил, кој дополнително за 3-4 месеци ќе се усогласи со тој оперативен план, па после ќе почне со работа, откако ќе ги вгради потребните филтри. Додека со Југохром, владата одлучи 50 проценти од производствениот капацитет или поточно кажано околу 70 проценти од емисиите на загадување да ги затвори и да му даде една шанса дополнително да се усогласи со тој оперативен план којшто беше доставен од нивна страна, од страна на претставниците на Југохром. Друга причина беше и социјалниот аспект, економскиот аспект за да тие луѓе имаат уште една шанса, уште шест месеци, ако компанијата покаже сериозност во имплементацијата на тие услови, ќе продолжи со работа, инаку ако не покаже интерес, после шест месеци, таа условна дозвола што им е дадена нема да важи, значи ќе се затвори. Поминаа неколку години, десетина година во кои немаше таква активност. Се согласувам, требаше до крај, меѓутоа ете ја разгледа владата и таа можност – економската, помисли на тие 1.200 вработени да бидат задржани на работа“, вели министерот.

Во 2010 година Владата дозволи увоз на возила постари од 10 години,и таа одлука тогаш е донесена за да се поправи возниот ред во државата, така што тие возила што се увезени од тогаш имаат некој еуростандард, но во државата сè уште има возила коишто немаат никаков еуростандард.

„Тие еуровозила нема веќе да се увезуваат, меѓутоа владата исто така размислува како тие возила да се поправат, како тие возила да продолжат да учествуваат во сообраќајот, меѓутоа да се усогласат, да не може да се вози без да се вгради инструмент кој ќе спречи разни емисии во воздухот. Такви има и во зависност од колите, во зависност од превозните средства, тие ќе треба да се вградат за да може и сопствениците да ги користат и ние да добиеме помалку загаден воздух“, вели Нурхан Изаири.

Изаири не се согласува и ги осудува сечењата на дрвја за кои требаат години за да дојдат до таа состојба, меѓутоа, вели, некогаш си принуден за да може да се усогласиш со новите планови, за да може да имаме пошироки улици.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов