ВИДЕО: Вулгарности, политички говори, барања за оставка и сечење маски на протестот против мерките

Од:

Родители со деца, тинејџери, но и повозрасни излегоа на протест пред Собранието, поради новите рестрикции кои се воведуваат за намалување на бројот на заразени од коронавирус. Демонстрантите излегоа на улицата, а од мегафон беше повикано сите да ги извадат маските.

На ова еден од присутните реплицираше: „Имам право на глас, имам право на слобода. Никој не ми може ништо. Се е пропаганда. Кој ги е*е!“. Присутните на протестите, носеа транспаренти „Врати ми ја слободата, ќе ти го бутнам режимот“, „Заштити ја планетата“, „Мое тело божја сопственост“.

„Само Господ има право да не уништи, а не некој си 1 процент од светска елита. Тоа се психопати кои располагаат со цела планета, со ‘Гугл’, ‘Федерал банк’, ‘Фејсбук’. Не можат тие газди збогатени, не знаат што да прават, сега им е досадно, па ќе си играат играчки со популацијата која не е вредна за живеење. А ние со нормален, обичен, ограничен живот да ја изгубиме последната радост. Јас не ги обвинувам нашите политичари, тие се јадници, тие се графчиња. Ова не доаѓа од нив, туку од нивните босови, таа светска елита“, рече присутна на протестот која не се претстави.

„На Филипче што порака ќе му пратите?“, прашаа на мегафон, а останатите викаа: „Ајде Венко пуши ми го ку*от. Оставка!“. „За што сме дојдени?“, беше прашањето на кое присутните извикуваа „Слобода, сакаме слобода“. „Доста е веќе. Дојдете со нас, уа!“, беше уште една од паролите која беше извикувана.

На протестот се гореа и заштитни маски, кои ги донесоа присутните. Освен транспаренти, имаше и знаме од Вергина, но и партиски маици. Демонстрантите кои излегоа на протестот се против вакцинирање и задолжителното поседување на сертификат за влез во угостителски објекти.

По ова, имаше и политички говори: „Ни ја продадоа државата, историјата, единствено што остана е нашата слобода“, рече лице кое се претстави како 20-годишник, па додаде: „Ни ги кршат човековите права, ова е битката меѓу доброто и злото. Ако присилно си се боцнете во раката, кармата ќе ве следи, кармата ќе се одлучи што ќе ви се случува. Ве молам разбудете се“.

Би можело да ве интересира

Сведоштво на семејството на 22-годишникот кој почина од корона: Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород

Кристијан Ландов

15 починати лица и 227 нови случаи на Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

Повеќе од 10 проценти позитивни од тестираните на Ковид-19

482 нови случаи на Ковид-19, вкупно починати 17 лица

Катерина Павлова-Николовска

Бројот на починати од Ковид-19 во земјава надмина 7.000

Четворица починати и 411 новозаразени од Ковид-19

А1он