ВИДЕО: Вработен во УБК призна вина за злоупотреба на касата во тајната полиција

Од:

Во кривичниот суд во Скопје утрово почна судењето против четворица вработени во УБК за злоупореби со спецкасата. Обвинителката Ивана Трајчева во воведниот говор рече: „Обвинетите ги уништиле евиденциите за потрошени парични средства односно главните книги, без посебно одобрение од директорот, без формирање комисија за ништење и без записници”.

Обвинетиот Петре Пешовски како ексглавен оперативен работник во УБК, по воведниот говор на Трајчева, призна вина: „Виновен сум. Така ми беше наложено“.

За него, како што рече судијата Владимир Туфегџиќ, постапката се раздвои и го поучи за имотно-правното побарување во предметот.

Обвинетиот Тони Јакимовски како што рече дека за жал не се пронаѓа во обвинението.

„Не се чувствувам виновен“, рече Јакимовски.

Неговиот поранешен колега, обвинетиот Стево Маџовски, рече дека го разбрал обвинението и кажа дека не е виновен, а истото го кажа и обвинетата Кристина Јосифовска.

Покрај Пешовски обвинети се уште тројца поранешни вработени во УБК, Тони Јакимовски, Стево Маџовски и Кристина Јосифовска, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за злоупотребени пари од над 820 илјади евра.

Во временскиот период од 2007 до 2017 година, во 172 наврати за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од одделот за финансии при Министерството за внатрешни работи подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите.

Без да имаат посебно одобрение од директорот на Управата, без да биде формирана омисија за ништење на материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата. Со ваквите дејствија го оштетиле државниот буџет.

Би можело да ве интересира

Јосифовска во солзи се прегрна со Маџовски, судење за злоупотребените 820 илјади евра од касата на УБК

А1он

Димитриев: Го информираве ЈО дека по згаснувањето на УБК дел од наредбите прекинати, дел продолжиле

Ана Ололовска

Три години затвор за поранешниот главен оперативен работник во УБК

Васко Маглешов

Димовски ќе реферира пред надзорната комисија за преземањето кадри од поранешна УБК

Ана Ололовска

Спасовски: За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Димовски: УБК заминува во историјата, денеска е првиот работен ден на Агенцијата за национална безбедност

Ана Ололовска