(ВИДЕО) Возачките со старото име ќе важат до крајот на оваа година: Политичките партии постигнаа консензус

Од:

Собранието ја почна расправата за измените на законот за безбедност во сообраќајот со кои возачките дозволи со старото уставно име треба да важат до крајот на 2024 година, а не до вечерва до полноќ како што беше предвидено претходно во Законот со последните измени од 2021 година.

„Се работи за мали измени на законското решение, во одредбата каде што стои 12 февруари, се заменуваат со 31 декември 2024 година или до крајот на годината. Сметаме дека ова законско решение кое ќе помогне во надминување на проблемите со личните документи, ќе донесе намалување на напнатоста и редиците на чекање“, рече Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието веднаш после разгледувањето на измените кое е во тек, ќе ги изгласа измените со кои граѓаните ќе имаат уште дополнителни десет месеци да ги заменат возачките дозволи со додавката „северна“.

Граѓаните го истурија бесот на социјалните мрежи објавувајќи ги сите недоследности и нелогичности при носењето на одлуки на државата во однос на привремениот рок за менување на личнитре документи кој завршува вечерва на полноќ.

Веста на МВР дека од ноќеска нема да важат ниту возачките дозволи кои се со старото име, а голем дел од граѓаните ги смениле во привремениот рок и не добиле нови обрасци, го разгневи граѓаните кои најавија граѓанска непослушност и неплаќање на евентуалните казни кои ќе ги изрекува сообраќајната полиција.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски