(ВИДЕО) Воз полн со мигранти тргна од Гевгелија кон Србија

Од:

Над двесте мигранти еден час пред пладне беа пуштени на македонска територија за да се качат на возот кој оди кон Табановце. Во редици, чекаа да ги добијат потребните документи, а потоа се качуваа на возот на пат кон ЕУ. Претходно во 5 часот изутрина уште една група мигранти заминаа од Македонија од железничката станица во Гевгелија.

Се најавува дека во текот на денешниот ден ќе има вонредни линии за да се излезе во пресрет на мигрантите кои сакаат само трансфер низ македонска и српска територија, а крајната дестинација се Германија и земји од Европска унија. Во текот на вчерашниот ден од Гевгелија кон Србија заминале пет возови.

Состојбата на македонско-грчката граница каде се наоѓаат околу илјада мигранти е мирна и се чека како што овозможуваат условите се пропушта одреден број мигранти.

11908196_10206204501444259_2103348403_n

11909596_10206204501804268_1482536795_n

11911097_10206204501924271_1411295158_n

11911476_10206204502124276_1871822796_n

Би можело да ве интересира

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската

Полициските службеници им го „расчистуваа“ патот на шверцерите на луѓе