(ВИДЕО) Во тек е средбата Зеленски и Трамп: Главна тема – крајот на војната

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Тема на средбата се безбедносните гаранции и помошта за спречување евентуален нов руски напад, како и потпишување договор за ретки минерали.

Зеленски инсистира дека економскиот договор мора да биде придружен со конкретни безбедносни гаранции. Сепак, Трамп рече дека нема да даде многу безбедносни гаранции, бидејќи Европа ќе го стори тоа.

Зеленски, кој продолжува да се залага за членство на Украина во НАТО или слични безбедносни аранжмани, ќе се обиде да добие одговори од Трамп за клучните прашања како што се дали САД планираат да ја прекинат воената помош за Украина, дали Киев ќе може да купи американско оружје и дали Украина ќе може да ги користи замрзнатите руски средства за набавка на оружје, посочува АП.

Трамп претходно изјави дека американското присуство во рударскиот сектор на Украина може да послужи како „автоматска безбедносна гаранција, бидејќи никој нема да прави проблеми кога Американците се таму“.

Би можело да ве интересира

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он

Зеленски: Путин сака да ја ослабне Украина

Зеленски: Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден

А1он

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Трамп: Бев саркастичен кога реков дека можам да го направам тоа

Зеленски: Путин е манипулатор