(ВИДЕО) Во Куманово уште се пука, се евакуира населението од подрачјето на акцијата

Од:

Жителите на Дива населба во Куманово се евакуираат, а полициската акција се уште трае. Во населбата повремено се слушаат пукотници.

Приодот до населбата е затворен, освен за полициски и возила на Брза помош.

Нема официјална информација за точниот број на повредени лица или за жртви, иако во соопштението на амбасадата на САД беше изразено „сочувство за загинатите“.

Неофицијално се говори дека 20 повредни, од кои тројца потешко, припадници на безбедносните сили се наоѓаат на Клиничкиот центар во Скопје каде е забранет влезот за медиумите и повредените се носат со хеликоптери и амбулантни возила.

Вооружени полицајци ги чуваат влезовите на хируршките клиники.

Министеротот за здравство, Никола Тодоров, неколкупати ги посетил повредените.

Од Кумановската болница засега има потврда само за четворица повредени, од кои тројца се пренесени во Скопје, а еден е задржан во болницата во Куманово.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски