Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски се одржува 14-та седница на Советот за безбедност на која се разговара за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.
Покрај редовните членови Претседателот Пендаровски на седницата на Советот ги поканил и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.