(ВИДЕО) Внесувањето на Бугарите во Уставот е во согласност со Крушевската република и АСНОМ, смета премиерот

Од:

Вистината е дека нема да има подобар договор и нема да има друга преговарачка рамка, а ова го вели Европската унија, рече премиерот Димитар Ковачевски на обраќањето пред Комисијата за уставни измени во кое според Деловникот требаше да го образложи предлогот и потребата од отворање на Уставот.

– Министрите во Владата покажаа совесност и едногласност. Го утврдивме предлогот за Уставот и решивме да не калкулираме со партиски рејтинзи, одлучивме да не мислиме за себе, туку за европската цел. Во следните неколку недели ќе стане јасно кој мисли за себе, а кој мисли за своите деца и за граѓаните. Секој сам треба да одлучи дали ќе даде глас за Европа или ќе го задуши гласот на совеста во себе и ќе одлучи да ја однесе земјата во изолација по нечиј налог – рече Ковачевски.

Според Владата, предлогот за вметнување на Бугарите во Уставот и на уште неколку етнички заедници е поради зајакнување на правата на заедниците поради усогласување со Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, а уставната традиција на Македонија е започната уште со Крушевската република.

– Уставноправната поставеност и традиција на Македонија во која се афирмира јазичниот , верскиот и културниот идентитет на сите заедници во нашата земја започна уште во државнпоправните традиции наведени во Крушевската република и во одлуките на АСНОМ.

Нашата земја денес е вистински пример за функционална мултиетничка демократија и преку уставните акти ние сме општество кое гарантира еднакви права на сите заедници.

Со тоа што развиваме еднакво општество за сите граѓани, сме препознаени од Европа и сме Европа на мало. Отттука обврската преземена во рамки на преговорите со ЕУ е исклучиво со уставните традиции.

Денес има неповторлива шанса да се продолжи евроинтегративниот пат и потоа со забрзани чекори да влеземе во ЕУ. Граѓаните нема за што да бидат загрижени, а ние треба да носиме мудри одлуки кои нема да ја заглават државата во изолација.

После 17 години ги отворивме преговирите со таква мудра одлука и притоа јазикот и идентитетот се заштитени. Примарен фокус на уставните измени е да не задираат во ниту едно идентитетско прашање. Ние не треба да ја пропиштиме оваа шанса, еднаш тоа се случи кога се одвоивме од Хрватска која 10 години е членка. Европските претставници рекоа дека има големи шанси Албанија да се издвои од нас и да продолжи напред ако ние не ги донесеме уставните измени – истакна премиерот во своето образложување на уставните измени.

Дебатата во Комисијата ќе трае до 9 август, а на 18 август е закажана пленарна седница на која власта ќе треба да обезбеди 80 пратеници кои ќе гласаат за отворање на Уставот.

Би можело да ве интересира

Утре пред Собранието законските измени за сметководителите

А1он

ВИДЕО: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени, порача Мицкоски од Вашингтон

Катерина Ѓуровски

Законот за бранители не пројде на дневен ред во Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

Пратениците ги изгласаа измените и дополнувањето на Законот за работни односи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не се откажуваат од патни трошоци

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски