(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: За неуспешниот референдум се потрошија над три милиони евра

Од:

„Референдумот во неделата пропадна, а СДСМ и Владата потрошија еден куп пари на граѓаните.

Колку од народните пари се потрошија за лични политички цели на СДСМ и на Владата која организираше референдум кој што е неуспешен?

Според некои наши информации и анализи кои ги поседуваме, сакаме да ги споделиме со јавноста но и јавно да ја прашаме Владата и СДСМ дали за кампањата за неуспешниот референдум потрошија над 3 милиони евра?

Почитувани, сега ќе пробам по ставки да им доловам на граѓаните колку пари потрошија, народни пари Владата и СДСМ за неуспешниот референдум односно кампањата.

• Дали за рекламирање и ТВ кампања на телевизиските станици низ целата држава се потрошени над 700.000 евра?
• Дали за рекламирање и радио кампања на радио станиците се потрошени над 50.000 евра?
• Дали за рекламирање на рекламни паноа и билборди за кампањата за референдумот се потрошени над 250.000 евра?
• Дали за рекламирање на веб порталите се потрошени над 50.000 евра?
• Дали за рекламирање по интернет просторот и социјалните мрежи се потрошени над 100.000 евра?
• Дали и на кој начин е склучен договорот и кој го склучил договорот доколку го има со маркетинг агенциите кои работеа на кампањата, за кои има сомнеж дека се потрошени над 100.000 евра?
• Дали за превоз и автобуси се потрошени над 80.000 евра?
• Дали за рекламен материјал за кампањата се потрошени над 200.000 евра?
• Дали за озвучување и организација на настаните ширум државата се потрошени над 80.000 евра?
• Дали за настапот на артистите кои земаа учество во кампањата се потрошени над 30.000 евра?“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тука не ги вбројувам режиските трошоци на искористените државни ресурси на функционерите на СДСМ и Владата кои исто така беа предводници на кампањата.

Тука исто така не ги вбројувам според некои анализи и информации, но сепак треба да одговори Владата и СДСМ дали и колку пари биле спроведени до општинските организации и телата на СДСМ за организација на теренска кампања, но и дали можеби со истите пари биле платени полнењето на кутиите и нерегуларностите? Нашите информации говорат дека за ова теренско функционирање на СДСМ се потрошени над 2 милиони евра.

СДСМ и Владата се должни уште веднаш да одговорат без да скријат ниту еден денар или едно евро, како што се обидоа да направат за прославата за влез во НАТО која што исто така беше неуспешна. Граѓаните заслужуваат да знаат каде и како се трошат нивните пари.

СДСМ и Владата со молкот од неколку денови докажуваат дека нешто кријат од граѓаните и не сакаат да кажат како и на кој начин ги потрошиле нивните пари“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”