ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе каже дали ќе го бојкотира референдумот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе каже дали ќе го бојкотира референдумот. Според најавите на генералниот секретар, Игор Јанушев, партиските органи ќе донесат одлука како ќе се позиционираат во однос на референдумот закажан за 30 септември.

„ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, секој има право на мислење, а официјалните ставови ги соопштуваме офицајлно“, рече Јанушев одговарајќи на прашање дали повикот за бојкот на пратеникот Антонио Милошоски е став на партијата.

Јанушев го повтори ставот дека не се согласуваат со референдумското прашање и дека тоа е за нив двосмислено.

„Власта одлучи да распише референдум за договорот со Грција без да го послуша размислувањето на 455.000 граѓани на Република Македонија кои се претставени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Заев насила турка двосмислено прашање за исполнување на грчките црвени линии. Да беше убеден дека е заштитен идентитетот, Заев немаше да манипулира со двосмислено прашање спротивно на законот за референдум и Уставот. Требаше прашањето да биде само за Договорот со Грција. Вака се прикрива со ЕУ и НАТО“, рече Јанушев.

Тој додаде дека е срамно референдумот да се поистоветува со оној од 1991 година, бидејќи тогаш имало консензус. Јанушев истакна дека ако не успее референдумот, граѓаните ќе очекуваат оставка, а не да се префрли одлуката на институциите.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче