(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНE: Скопје повторно смрди!

Од:

„Скопје повторно смрди! Додека, градоначалникот Петре Шилегов организира комични настапи во кои ја промовира својата неработа, Скопје се гуши во нечист воздух. Воздухот во Скопје е загаден 40 пати над нормалата!

Тоа го прави Скопје најзагаден град во Европа. Загаденоста на воздухот оддалеку ги надминува европските просеци, а според истражувањата на Европската агенција за животна средина, Македонија е земја каде ситуацијата со загаденоста е најалармантна“, рече Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мерната станица во Ѓорче Петров, во текот на вчерашниот ден во период од 6-7 часот изутрина и од 9-10 часот претпладнето покажуваше дека вредноста на канцерогените ПМ 10 честичките изнесува неверојатни 1999 µg/m3, по што мерната станица е изгасена.

ПМ 10 честички во износ од 1999 µg/m3, се 40 пати над нормалата. Ова не е лошо, ова е алармантно и на сето ова не гледаме никакви мерки од градските власти.

Помина повеќе од една година од мандатот на градоначалникот Петре Шилегов и повеќе од една година од ветувањата за решавање на проблемот со загадениот воздух, веднаш откако СДСМ ќе ја преземе локалната власт. Шилегов дојде на власт, а воздухот не само што не е почист, туку е и позагаден.

За една година Шилегов нема преземено ниту една мерка за справување со загаденоста на воздухот. Напротив сведоци сме на објаснувања контрадикторни на предизборните ветувања и изговори дека експресно решение дека сега не било можно.

Доколку нивото на загаденост е алармантно уште во ноември, што го очекува Скопје во декември, јануари, февруари и март?

Скопјани не смеат да ја плаќаат неодговорноста на градоначалникот Петре Шилегов“, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син