(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Штип: СДСМ ја постави лизгалницата, па објави тендер

Од:

„Новопоставената лизгалница на плоштадот, уште пред да ја отвори, криминалното раководство на СДСМ, ја обви со матни зделки.

Лизгалницата беше поставена на 20.12.2018 година, за кое може да посведочи секој граѓанин во нашиот град, меѓутоа тендерската понуда беше отворена наредниот ден, на 21.12.2018 година во 09 часот“, рече Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа прашуваме како е можно, компанија која уште не е избрана на тендер, да врши работи за Општина Штип? Како е можно компанијата да знае дека е одбрана уште пред да и биде одобрена понудата? Како е можно да се вршат услуги без да е потпишан договор и без да е добиен налог за работа? Како е можно проценетата вредност на тендерот да е идентична со понудената сума од компанијата“, праша тој.

Јорданов го повика јавното обвинителство и МВР да го истражат случајот.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски