(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Сега Шилегов и со стелт технологија да прска ефектот ќе биде недоволен

Од:

„Град Скопје и градоначалникот Шилегов ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните на Град Скопје. Да биле навремени и воопшто вршени прскања против комарци градот Скопје немаше да се претвори во зона на масовно цицање крв.

Одговорноста целосно паѓа на грбот на Шилегов. Ако било прскано против комарци со безчујни авиони, како што велат од Градот, тогаш зошто во Скопје има комарци како никогаш до сега, зошто граѓаните се жалат, зошто аптеките и амбулантите се полни со луѓе кои се жалат на убоди, отоци, алергии“, рече Томи Кепевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов ни мува, а ни комарец не го лази за проблемите на граѓаните. Сега и со стелт технологија да прска ефектот ќе биде недоволен. Штетата за жал веќе е направена поради негова неспособност и неодговорност.

Ова е премногу сериозно. Комарците освен што предизвикуваат непријатности за граѓаните, а пред се децата, се преносители и на сериозни заразни болести. Во соседството веќе се регистрирани случаи заболени од западно нилска треска, но и неколку фатални последици по животите на нивните граѓани. Оваа опасна болест, но и маларијата, зика вирус, жолтата треска, и други тешки болести се пренесуваат со убоди на заразени комарци.

Кога веќе Шилегов и надлежните институции не можат да не штитат, останува да се молиме на Бога да помине летово без последици и да бидеме среќни ако поминуваме само со отоци.

Градоначалникот Шилегов ако не знае како да се справува и да ги решава проблемите на граѓаните нека остави тоа да го прави некој друг, а тој нека продолжи со тоа кое најдобро го знае само да зборува, а ништо да не работи“, изјави Томи Кепевски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче