(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Самоволието на СДСМ и Борче Георгиевски нема крај

Од:

„Самоволието на СДСМ и Борче Георгиевски нема крај. Последен пример за беззаконието и самоволието кое го спроведува Геогриевски е повлекувањето на точките за верификација на членовите на советите во месните и урбаните заедници.

Од неразбирливи причини на последната седница на Советот, Борче Георгиевски ги симна од дневен ред одлуките за месните и урбаните заедници“, рече Дијана Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа се должи затоа што советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата не прифатија да гласаат за одлука со која жителите на населеното место Раштак ќе треба да плаќаат по 12.000 денари за приклучок за вода.

Дали со вакви уцени и активности кои се на штета на граѓаните на Општина Гази Баба, Георгиевски планира да ја води Општината?

Дали водата за пиење треба да биде третирана како луксуз за жителите на Раштак и на Општина Гази Баба?

Жителите очекуваат нов водоснабдителен систем и зголемен проток на вода во населените места Раштак и Булачани, кое ворочем беше и едно од првите јавни ветувања на Борче Георгиевски.

Но наместо тоа , тој настојува да ги обремени граѓаните со дополнителни давачки.

ВМРО ДПМНЕ и советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата со сите средства ќе се бори за правата на граѓаните и доследно ќе ги застапува нивните интереси“, изјави Дијана Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите