ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ приговара зошто самите не ја повикале полицијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со идентични приговори за сите 66 избирачки места во општина Центар се обидува да ја оспори победата на Андреј Жерновски. На сите места приговараат дека е нарушена тајноста на гласањето со тоа што биле евидентирани лица и прашувани од каде се и каде живеат.

Нормално виновници се и дел од медиумите кои ги сликаа жителите на Пустец, Корча, Мала Преспа од Република Албанија, кои со новоиздадени лични карти од МВР гласаа во општина Центар. За ВМРО-ДПМНЕ виновна е и полицијата, за која што велат дека ова не го спречила.

Еве како течеше дебатата меѓу овластениот претставник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Илијовски и претседателот на ДИК Борис Кондарко.

За некои од приговорите на ВМРО-ДПМНЕ членовите на ДИК од партијата гласаа воздржано или против.

На денот на гласањето полицијата немо набљудуваше што се случува, ги спроведуваше лицата од Пустец и Корча за да можат да гласаат, а на набљудувачите од здружената опозиција им беше одземен видео материјал, а на некои од медиумите со новинарски легитимации им беше забрането да влезат на избирачките места. За потсетување еве што забележа камерата на А1он на вториот круг за гласање.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања