(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Побаравме поддршка од народниот правобранител и ОБСЕ за притворените пратеници

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојовски на денешната прес-конференција од пред Собранието информираше дека за притворот на пратениците ги известиле народниот правобранител и канцеларијата на ОБСЕ. Пратенците од опозицијата тврдат дека се прекршени човековите права на засегнатите во настаните од 27 април.

„Денеска имавме средба со политичкиот претставник за правни работи на ОБСЕ, г.Џеф Били, кого директно го запознавме и му укажавме за нашите забелешки околу кршењето на човековите права на сите лица коишто се засегнати и обвинети околу настаните на 27 април. Воедно искажавме и голема загриженост поради состојбата на еден од притворените којшто штрајкува со глад веќе седми ден и за кого имаме неофицијални сознанија дека неговата состојба не е воопшто добра.“

Манојловски рече дека биле скршени процедурите и при одземањето на имунитетот на пратениците.

„Се надеваме дека СДСМ ќе ги увиди своите грешки и ќе почне соодветно да го спроведува законот, а не да го прави тоа како што го прави во моментот, а тоа е со класичен политички реваншизам, демонстрирање сила и силување на институциите. Воедно ги пренесовме и нашите заблешки околу кршењето на сите правни процедури и кршењето на полициската процедура при приведувањето на пратениците без претходно да биде соодветно правно постапено, односно да не е свикана седница и не е одземен нивниот пратенички имунитет согласно со Деловникот на Собранието на Република Македонија“, рече Манојловски.

На новинарско прашање дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Собранието, Манојовски го повтори ставот на партијата дека нема да се вклучат во работните тела додека нивните колеги се притворени.

„12% од пратениците од нашата партија се во притвор. СДСМ е одговорен за оваа ситуација во која се наоѓаме. Во вакви услови не може да работи Парламенот. Од друга страна тие се парламентано мнозинство и треба да најдат решение“, додаде Манојловски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ