(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминал од 12 милиони евра за набавка на лични документи

Од:

ВМРО-ДПНЕ обвинува за криминал кај власта при набавката на пасоши и лични документи и смета дека СДСМ го оштетила буџетот за над 12 милиони евра, склучувајќи договор со фирмата „Веридос“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека согласно планот за набавка на пасоши и документи за лична идентификација во МВР во текот на 2019 година предвидени биле 7 милиони евра за оваа јавна набавка, за веднаш потоа единствениот понудувач „Веридос“ да побара сума од околу 20 милиони евра, сума која што веднаш е обезбедена од страна на Владата на СДСМ во текот на постапката.

„Целата постапка е сомнителна и незаконска во роковите околу јавната набавка. Договорот за рамковната спогодба во висина од 19.681.666 евра е склучена на 05.12.2019 година, а одлуката за избор и извештајот за постапката за оваа јавна набавка се склучени и архивирани на 06.12.2019, односно еден ден подоцна откако е склучена рамковната спогодба од страна на МВР со фирмата „Веридос“. По логика на нештата но и според законите и сите процедури во Република Македонија, прво треба да се донесе одлука за избор, па потоа да се потпишуваат договори и рамковни спогодби за висина на сума, но очигледно на СДСМ им се брзало првин да го договорат финансискиот дел, па потоа законските процедури да ги запазат, односно да не ги запазат“, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ и побара од Јавното обвинителство да отвори истрага за случајот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места