ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ не сака да дебатира за состојбата во здравството

Од:

Политичките партии денеска разговараа за состојбата во која се наоѓа здравството и потребните реформи во контекст на престојните избори. Иако дебатата е од суштинско значење за граѓаните на Република Македонија, член од владејачката партија не се појави да даде свој допринос за неопходните реформи во здравството.

– Нашата изборна програма е направена врз основа на една темелна анализа на теренот со согледување на состојбите и проблемите кои што произлегуваат. Би сакала да истакнам дека ние ќе ја укинеме болничката партиципација за сите осигуреници кои што користат услуги од болничка здравствена заштита, рече Јагода Шахпаска, член на СДСМ.

Ова беше предлог законско решение кое што не помина во собранискиот дом, а беше изработено на предлог на СДСМ.

Според Шахпаска законот за абортус треба да биде укинат како и долгите административни процедури во остварување на ова право на жената.

– Ќе го укинеме актуелниот закон за абортус, сакаме да го вратиме правото на секоја жена да одлучува за бројот на деца што ќе ги роди и моментот кога таа сака да ги роди. Сакаме да ги укинеме долгите административни процедури во остварување на ова нејзино право и сакаме да се почитуваат правата кои се загарантирани со конвенцијата на ОН како и законот за заштита на правата на пациентите, вели Шахпаска.

На дебатата се разговара и за овозможување на пристап на секоја жена до гинеколог во најодалечените и руралните места на живеење вклучувајќи ја и општината Шуто Оризари каде 8000 жени се уште немаат гинеколог.

– Ова ќе се направи преку субвенционирање на гинеколози за отворање ординации во овие подрачја, стимулирање на специјализации како и финанскиска поддршка во првите години од нивната работа, рече Шахпаска.

Таа истакна, преку реформите во здравството, Социјалдемкоратскиот сојуз ќе се залага за скрининг програми за рано октривање на рак на дојка и матка кога се работи за женската популација, а за општата популација за рано откривање на рак на дебелото црево.

-За сите пациенти со малигни заболувања ќе има континуирано навремено снабдување со цитостатска терапија од поновата генерација на цитостатици согласно медицината базирана на докази, вели Шахпаска.

-Би сакала да истакнам дека и пациентите со дијабет ќе добиваат навремено инсулинска терапија согласно медицината базирана на докази, а не согласно тендерите кои што ги креираше актуелната власт, заврши претставничката на СДСМ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел