(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се трошат 5 милиони евра за размонитрање на галиите нека се направат градинки

Од:

Данијел Апостолоски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека неговата партија во програмата за локалните избори имале предвидено две нови градинки во Волково и Ново Село, како и ново училиште во општина Ѓорче Петров, проекти што би чинеле близу 2 до 3 милиони евра.

– Разочарувачки и иритантно е Шилегов да се расфрла со народни пари за дислоцирање на објекти што не му се допаѓаат. На Петре Шилегов од нигде никаде му текнало со 5 милиони евра да размонтира галии од реката на Вардар, за кои притоа не е даден ниту еден денар од Градот Скопје и сите тие се во приватна сопственост. Во тој случај има шанса сега градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски да го реши проблемот со недостигот на градинки и училишта во Ѓорче Петров. Наместо да дава Шилегов 5 милиони евра за галиите, нека пренамени половина од парите во Ѓорче Петров и да се изградат градинките и училиштето, рече Апостолоски.

Тој додаде дека тоа е класично недомаќинско и расипничко работење и дека Шилегов е спремен 5 милиони евра да ги фрли во вода, а не да реализира проекти кои им се неопходни на граѓаните.

– Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа нека не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите, или ако си заработил.
Граѓаните не заслужуваат нивните пари да бидат трошени за исполнување на хировите на Петре Шилегов, рече Апостолоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски