(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Министерот за здравство наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти, изјави на денешната прес-конференција, Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред само неколку месеци, во октомври, владата набави 20.000 шишиња лубриканти. Сега преку министерството за здравство се набавуваат ни помалку ни повеќе 80.000 шишиња подмачкувачи.

Цената која што сега Филипче ќе ја плати за кондомите „со номинален дијаметар 54-56 мм подмачкани со лубриканти, без мирис, без вкус и без боја“ се уште не е наведена. Понудата сеуште се чека. Ако во октомври владата набавила 20.000 шишиња лубриканти за невладино здружение „Егал“, за кого и за што ли му требаат на Филипче набавува 80.000 лубриканти и 150.000 кондоми?“, изјави Славева.

Таа вели здравството е во колапс, а граѓаните се оставени да се снаоѓаат кој како знае. Нема грижа за децата, нема грижа за возрасните, нема лекови за хронично болните и за лица со ретки болести, нема доктори, скандали секојдневно го тресат здравството, но, Филипче и оваа власт се грижат само за лубриканти и кондоми“, обвини Славева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи