ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за амнестија за сите обвинети за 27 април

Од:

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27 април и власта доколку е за вистинско помирување и правда за сите, истиот предлог ќе го прифати, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци најави поднесување Закон за амнестија за сите инволвирани во случајот од 27 април. Власта сега со најави за некакви комисии или форуми во Собранието за наводна правда, не прави ништо друго освен обид за замајување на јавноста и обид за селективна правда што во суштина е неправда. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии кои треба да обезбедат селективна слобода само за оние кои учествуваа во гласањето за потреба за уставни измени произлезени од договорот со Грција“, рече Стоилковски.

Тој додаде дека текстот на предлог законот за амнестија ќе го поднесат на разгледување до сите парламентарни партии.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ