ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за ненавремено спречување на пожарот

Од:

Денеска сме во Кочани да побараме одговорност за тоа што вчера наместо да се стиши оваа огнена стихија тука, од страна на надлежните на власта, Стојанче Ангелов и сите останати кои што треба да бидат во тој кризен штаб, тие си беа по прослави, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што посочи партискиот портпарол, директорот на Центарот за управување со кризи Ангелов глумел селебрити и се сликал со пејачи и со други лица од естрадата, наместо да биде со граѓаните.

„Бараме одговорност за тоа што наместо да се сервисираат оние авиони – ‘ер трактори’ односно канадери кои што со сервисот чинат само 400.000 евра, власта и Заев и сите останати не најдоа време, не најдоа пари, иако ја задолжија Македонија и ги потрошија за само една година една и пол милијарда евра“, посочи Арсовски.

Тој кажа дека неговата партија бара и одговорност затоа што синоќа немало хеликоптери да го гасат пожарот.

„Не летале нашите хеликоптери ноќе, срамота, а 21 век. Немало хеликоптери за на граѓаните да им се помогне, а имаше хеликоптери кога требаше да се возат Венко Филипче и Зоран Заев на нивни приватни забави и настани“, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, актуелната власт секоја една ситуација на непогоди ја дочекува изненадена.

„ВМРО-ДПМНЕ заедно со правниот тим, заедно со луѓето од правната служба од партијата ги разгледува сите опции за поднесување кривични пријави до власта во однос на нивната нефункционалност, неспособност, некоординираност и нивното непостапување во рамките на вчерашниот ден за она што се случи тука“, нагласи Арсовски додавајќи дека пријавите ќе бидат поднесени за луѓе кои што раководат со институциите, како премиерот Зоран Заев, директорот Стојанче Ангелов, но и сите останати лица што треба да раководат со тој кризен штаб кој, како што рече, за жал не функционира.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Горан Наумовски

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ

(ВИДЕО) Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе води антиемигрантска политика