ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ го блокира сообраќајот кај Мавровка

Од:

Започнаа блокадите на сообраќајот, кои вчера ги најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој бара да биде објавен документот за којшто преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничката Влада во Бугарија.

Протестите на ВМРО ДПМНЕ се одржуваат на три локации во Скопје и во 10 други градови низ земјава.

Мицкоски тврди дека барањата што се составен дел од Декларацијата усвоена од бугарскиот Парламент ќе бидат дел од преговарачката рамка на државава со ЕУ.

„Од високи дипломатски извори и од Брисел, но и од официјална Софија, дознаваме дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот Парламент практично ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ и од тој момент билатералниот проблем којшто ние го имаме со официјална Софија, а се однесува на посебноста на македонскиот народ, култура, традиција, обичаи, македонскиот јазик, антифашистичката борба, практично сите оние проблеми коишто се содржани во Декларацијата усвоена од бугарскиот Парламент ќе бидат практично проблем којшто ќе го имаме ние со ЕУ, односно од билатерален проблем, проблемот ќе прерасне во проблем помеѓу Македонија и ЕУ, рече Мицкоски во изјава по редовниот брифинг со новинарите“, изјави Мицкоски на вчерашната прес конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ