(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на таткото на Заев добила повеќе јавни набавки и договори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го повика струмичкиот градоначалник Зоран Заев да каже дали татко му и чичко му добивале јавни набавки и договори со Општина Струмица и со општинските установи.

Владејачката партија тврди дека јавната набавка што на почетокот на годинава ја добила фирмата на таткото на струмичкиот градоначалник ЗОВИ ПРОМЕТ ДОО Струмица  од Јавната општинска установа „Детска радост“ не е единствена.

– Фирмата ЗОВИ ПРОМЕТ од Јавната општинска установа „Детска радост“ и претходно во повеќе наврати добивала јавни набавки и договори. Денес медиумите пишуваат за тоа. ЗОВИ ПРОМЕТ, фирма на таткото на струмичкиот градоначалник, а сега и претседател на СДСМ, во седум наврати склучила договор за јавни набавки со Јавната општинска установа „Детска радост”  во вкупна вредност од 30.479.891 денари. Договорите се склучени на 31.12.2009, на 01.02.2011 два договори, на 26.12.2011 исто така два договори и на 11.04.2013 година уште два договори, рече на прес-конференција Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.

За да биде скандалот уште поголем, додаде, на 12.12.2011 година Општина Струмица склучила директен договор со фирмата ЗОВИ ПРОМЕТ во вредност од дополнителни 84.400 денари.

– Синот Заев Зоран склучува договор во име на општината со таткото  Панчо Заев за јавна набавка. Ова не е играчка. Ако ова не е скандал, ако ова не е непотизам и ако ова не е класичен судир на интерес за СДСМ тогаш слободно можеме да констатираме дека оваа партија ги има изгубено сите правци во своето работење, наведе Тодоров.

Топј истакна дека во политиката покрај кривична постои и морална одговорност и Заев треба да си ја понесе својата заради, како што рече, „овој скандал на класичен судир на интерес“.

– Зоран Заев јавно претендира еден ден да стане премиер на Република Македонија. Ако овој човек правел скандалозни тендери на локално ниво, замислете што би правел кога одговорноста за работата на Владата би била во негови раце, посочиТодоров.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето