ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ е против увид на идните антикорупционери во банкарските сметки на функционерите

Од:

Министерката за правда, Рената Дескоска Треневска, по денешната неформална средба со новинарите рече дека во дел од собраниските амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има и такви со кои се бара да се тргне надлежноста на идните антикорупционери да вршат увид во банкарските сметки на функционерите. Според образложението на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа било во надлежност на Управата за јавни приходи.

„Уште еднаш апелирам до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да бидат свесни за значењето на Законот за спречување на корупцијата и да се откажат од одредени барања кои што ги имаат, кои што треба да придонесат за намалување на значењето, улогата и надлежностите на ДКСК. Она што реално е проблем во нивните амандмани е условот за забрана за политизација на членовите односно спречување одреднеи членови што биле политички активни изминатиот период или биле донатори на политички партии, да не бидат членови. Понатаму барањето да се тргне надлежноста за увидот во банкарските сметки на функционерите“, рече Дескоска.

ВМРО-ДПМНЕ поднело амандман со кој се бара финансирањето на партиите како што е досега да е во надлежност на Државниот завод за ревизија, а не на ДКСК. Дескоска рече дека за нив е неприфатливо да се формира национален совет за борба против корупцијата, затоа што тоа би значело паралелизам во делувањето и би ја разводнило работата на антикорупциската комисија.
Министерката кажа дека дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ може да бидат прифатени, но за најголемиот дел се неприфатливи.

Mинистерката рече дека доколку продолжи кочењето на овој закон, ќе биде предложен со европско знаме во Собранието, што значи дека за него ќе важат забрзани рокови.

Во Собраниска процедура се и други реформски закони од областа на праосудството за кои Дескоска очекува поддршка од пратениците.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски