ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ достави список од неколку стотици случаи на непотизам до антикорупциска

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, по серијалот на прес-конференции на кои беа изнесени примери на непотизам од редовите на власта на СДСМ, до архивата на Државната комисија за спречување корупција доставија список, со цел да бидат итражени сите случаи на кои партијата посочила, најави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Се работи за список од неколку стотици случаи на непотизам којшто се роднини во блиско крвно сродство на актуелните функционери, пратеници, градоначалници, директори од владата на СДСМ.

Очекуваме дека во најбрз можен рок актикорупционерите ќе си ја завршат својата работа како што треба бидејќи на очиглед на целата ситуација се работи за највисок степен на непотизам во државните органи, и подоцна очекуваме дека ќе бидат процисуирани сите овие случаеви и предмети на непотизам.

Исто така апелираме уште еднаш и ги охрабруваме не само роднините на функционерите од СДСМ да дадат откази коишто за жал се премногу мал број и може да се избројат на прсти, ги повикуваме и функционерите на СДСМ коишто си ги вработиле своите роднини да ги достават своите оставки во Владата бидејќи тоа е најморалниот чин кој што ќе може да го демонстрираат пред јавноста кој што најверојатно сакаат да го презентираат пред јавноста.

Бидејќи секогаш кога еден функционер си вработува дел од своите роднини во државните институции, верувајте дека има таму родители на граѓани и на млади луѓе кои што гледаат и вложувале во своите деца, инвестирале, двоеле од себе за да им пружат нив образование и се останато за да може да успеат во животот. Но, за жал на сметка на нивното образование се вработуваат луѓе кои што се роднини и блиски на функционерите од власта па другиве мораат да си го бараат своето чаре надвор од државата“, изјави Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?