ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од Спасовски и Димитров

Од:

Пркосот нема да сопре, а ВМРО-ДПМНЕ народот нема да сопре во спротивставувањето на наметнатите црнила, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на партијата, Наум Стоилковски. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во име на слободната мисла на народот, како што изјави портпаролот Стоилковски, тие бараат оставка од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Итна и неотповиклива оставка на однародениот министер којшто својата нација ја нарече ‘искомплексирана’ нација. Министерот зема буџетска плата благодарение на ова нација, ужива во привилегиите со буџетот да го школува семејството надвор од Република Македонија, па упатува непростлива навреда кон истиот тој народ. Итна и неотповиклива оставка бараме на министерот за терор и прогон, Оливер Спасовски. Спасовски откако е министер реди само порази, мафијата ги презеде градовите, се случуваат убиства кои остануваат нерасчистени, а тој води шпионски акции, претреси и омаловажувања на според СДСМ политички неподобните граѓани на Република Македонија“, изјави Стоилковски.

Како што изјави Стоилковски, освен оставките од партијата бараат и веднаш да сопре иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија.

„Во услови на економски колапс, дупка од капитални инвестиции, отсуство на инвестиции, однародената власт мора да престане со осиромашувањето на бизнисот и дополнителното осиромашување на народот, на сметка на свое лично богатење на властодршците.

Веднаш продолжување на проектот за гасификација на Република Македонија, и тоа од централно до општинско ниво. Тоа е вистинскиот чекор за навистина почист воздух. Да престанат лагите, декларативните ветувања од оваа однародена власт за некакви лажни еколошки зафати.

Бараме веднаш да се формира независно тело кое ќе се занимава црниот Вотергеј на Заев да биде расчистен, прислушувањето на обвинителите и сите судии да биде разгледано. Да биде предводено од човек на предлог на опозицијата, со задача да ги преслуша, анализира, систематизира материјалите од прислушувањата на обвинителите. Да се истражат нарачаните пресуди, нарачаните обвиненија за луѓето од 27 април, нарачаните обвиненија за ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ во име на коалицијата и во име на слободната мисла и слободно изразената волја на народот, бараме почитувања на јасно изразената волја на референдумот. Не смее да се изигрува референдумот, којшто однародената власт не успеа да го намести, да го фингира и покрај сите манипулации со брзо гласање. Не смее да се продолжи со изигрување на демократијата со непочитувањето на најдемократската алатка и волјата на граѓаните“, изјави Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

Парламентарни избори: ВМРО-ДПМНЕ 33,19%, ДУИ 23,41% , Вреди 19,55%, СДСМ 11,19%, ЗНАМ 3,63%, Левица 5,08%

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата