ВИДЕО: Владата нема информации за унгарското државјанство на Груевски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски и Владата немаат информација за тоа дали Никола Груевски има унгарско државјанство. Мицкоски даде кус одг0вор на прашањето дали Владата има информации за ова.

– Немаме ние таква информација, кратко рече Мицкоски.

Унгарскиот истражувачки портал „VSquare“, повикувајќи се на извори од унгарската влада, објави дека Груевски пред четири години добил државјанство и дека со тоа неговата екстрадиција во Македонија станува практично невозможна.

Груевски е во Унгарија од 2018 година.

Прашањето за негова екстрадиција во земјава беше актуелизирано по изјавата на новоиот унгарски премиер Петер Маѓар дека неговата земја нема да биде прибежиште на осудени криминалци и во таа прилика со име го спомена поранешниот македонски премер.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации