(ВИДЕО) Викенд на гордоста во Скопје, начин да се промовираат ненормативни форми на делување

Од:

ЛГБТИ заедницата во соработка со Коалицијата за Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и Кино Култура по четврти пат ќе го слави месецот на гордоста, овојпат преку настани насловени „Викенд на гордоста Скопје 2016“.

Организаторите истакнаа дека викендот прави обид да промовира ненормативни форми на делување кои во рамки на општеството се претставени како настрани, неприфатени, изроди, чудни, патолошки случаи.

– Во Македонија по 4 пат се одржува месецот на гордоста. Минатите три недели имавме недела на гордоста каде имавме голем број активности во една недела, годинава одлучивме да направиме викенд, збиен настан од 4 дена кој ќе понуди помал број, но посериозни зафати и интервенции, рече Билјана Гинова од ЛГБТИ Центарот за поддршка – Хелсиншки комитет за човекови права на РМ.

Според Билјана Танурова – Ќулавковски од Просторот за современи изведувачки уметности и современа култура, кино култура е простор кој има за цел да ги поддржи разните заедници, односно граѓанскиот сектор пред се и да ги направи повидливи нивните идеи и настани.

– Многу сме горди на програмата која ја концепиравме за Прајд викендот. Таа е кратка, интензивна и разноврсна. Од утре започнуваме со првиот настан на викендот на гордоста, организиран во соработка со еден од партнерите, тоа е МОФ преку дебата која ќе се случи во Кино Култура, на која говорниците ќе ги презентираат своите ставови по однос на тезата дека ЛГБТИ заедницата и нејзините права треба да добијат поголема видливост во рамки на актуелната општествено-политичка криза, рече Славчо Димитров од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.

Би можело да ве интересира

Жител од Демир Капија обвинет поради омраза кон маргинализирана група

А1он

ТРАНСФОРМА: Да ги засилиме транс-гласовите, одбиваме да бидеме жртви

Ана Ололовска

Во САД се бара да се забранат книги со ЛГБТ тематика

А1он

Со боксови нападнат ЛГБТИ активист во Сарај: Ќе те убиеме, а другарките ќе ги силуваме

Кристијан Ландов

Во Канада најмногу се почитуваат ЛГБТИ правата, земјава на 83. место

Сандра Бошковска

Морачанин од ДОМ координаторка на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата

Наум Локоски