Морачанин од ДОМ координаторка на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата

Од:

Пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин беше избрана за координаторка на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата, на денешната конститутивна седница на групата, во Собранието на Република Македонија. Во своето обраќање пред присутните пратеници, претставници од невладините организации и амбасадите, таа истакна:

“Иницијативата за формирање на неформална интерпартиска парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата, потекна од граѓанските организации кои работат во сферата на заштита и унапредување на правата на ЛГБТИ лицата, пролетта 2017 година. Во изминатиот период пратениците кои покажаа интерес за оваа тема, остварија неколку работни средби со претставниците од невладиниот сектор на кои се дискутираше за присутното кршење на човековите права, говорот на омраза, насилството и дискриминацијата на ЛГБТИ луѓето во нашето општество и за потребата од системски пристап со заедничко учество на државните институции и граѓанскиот сектор за решавање на овие проблеми. Од тука произлезе и потребата за формирање на оваа неформална парламентарна група чија улога е да се застапува за заштита и унапредување на правата на ЛГБТИ лицата, со цел градење на општество во кое сексуалната ориентација и родовиот идентитет нема да претставуваат пречка за остварување на човековите права и слободи.”

Групата брои 13 пратеници од различни политички партии и независни пратеници и останува отворена за вклучување на секој пратеник кој сака да придонесе за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Во своите активности ќе ги користи и позитивните искуства од групите за правата на ЛГБТИ лицата во парламентите на САД, Австралија, Израел, европските држави и Интергрупата за правата на ЛГБТИ лицата во Европскиот парламент.

“Верувам дека Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата значително ќе придонесе за развој на нашето општество како современо општество во кое се применуваат европските вредности на почитување на човековите права и слободи, принципите на толеранција, ненасилство и недискриминација по било кој основ, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет.”-заврши Морачанин.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики