(ВИДЕО) Весковски: Младите се приклучуваат кон СДСМ, партијата расте, се менува и демократизира

Од:

„Во тек е процесот на ажурирање на членството и активна регистрација, а по неговото завршување следуваат и првите внатрепартиски непосредни избори за претседател на СДСМ.

Интересот за ажурирање е голем, но важно е што и многу нови, пред се млади луѓе се приклучуваат кон нашето социјалдемократско семејство“, кажа Душко Весковски, организационен секретар на СДСМ.

„Радува тоа што кон партијата се приклучуваат прогресивни луѓе кои препознаваат СДСМ како партија со која е возможен напредок и развој на државата.

Денеска на пет дена до завршувањето на овој процес, ги повикувам сите членови кои досега не го ажурирале членството, тоа да го сторат во своите матични општински организации, а ја користам приликата и да ги повикам и младите овде во Карпош но и низ целата држава, да се приклучат кон СДСМ.

Сите кои ги делат социјалдемократските вредности, сите кои сакаат да помогнат во создавање и реализација на мерки и политики што носат подобра иднина за сите, да се приклучат кон СДСМ.

Во изминатите три години покажавме што значи одговорно, транспарентно и домаќинско работење и токму во таа насока продолжуваме и во овој мандат.

Почитувани граѓани, почитувани млади, приклучете се кон тимот што гради подобра иднина за секој граѓанин. Заедно сите здружени, да ги менуваме работите во општеството кон подобро“, изјави Душко Весковски, организационен секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он