(ВИДЕО) Велјановски: СДСМ и ДУИ експресно изгласаа ДУП за бизнис од 200 милиони за контроверзен анти НАТО бизнисмен

Од:

„Прв ден власт, прв ден криминал на истата таа власт. СДСМ И ДУИ експресно на само еден ден по формирањето на владата, во Тетово носат измени во ДУП со кои му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака.

Заради бизнис интерес на врвот на власта за кратко овде зад нас на местото на некогашниот гигант ШИК Јелак ќе никне бетонска џунгла со над 2.000 станбени единици, илјадници метри квадратни деловни простории и трговски центри.

Криминал на дело! На СДСМ и ДУИ им требаше само еден ден да го реализираат ветувањето кон Дака, за кое слушнавме пред изборите дека преку Зоран Милевски Кичеец владата земала 300.000 евра поткуп и добила ветувања за дополнителен поткуп доколку работата биде завршена“, вели Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според снимката која сите ја слушнавме Дака дава ветување за 2.000 м2. Дали тоа се 2.000 м2 станбен простор и кај кого треба да заврши?!

Кој од власта ќе се офајди од авантата од 2.000 м2 станбен простор, што е еднакво на 40 стана од 50м2 ?! Односно 2.000.000 евра, доколку м2 површина се смета по цена од 1.000 евра.

Ова ли се темелите на коалицијата СДСМ – ДУИ?! Бизнис интереси на штета на народот! Никој ниту локалната, ниту централната власт ги прашала граѓаните на Тетово дали сакаат на ова место зад нас да никне бетонска џунгла.

За овој криминал некој треба да одговара. Одговорност мора да има. Тетово ќе казни. Во таа насока го повикуваме ЈО за организиран криминал и корупција да реагира и да отвори случај. Информациите од снимките кои излегоа во јавност за поткуп од стотици илјади евра за комбинатот ШИК Јелак сега имаат своја завршница. Ова е сериозен криминал за кој врвот на власта на чело со Заев мора да одговара“, изјави Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски