(Видео) Велиновска: На Груевски, ни името не сакам да му го споменам

Од:

Мирка Велиновска и Миленко Неделковски со остри критики кон Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Еден ден пред гласањето, таа беше разочарана зошто Груевски не упатил ниту една охрабрувачка порака до граѓаните.

„На Груевски, ни името не сакам да му го споменам, тој со својата суета, мисли дека намерно го напаѓаме за да му ја ослабиме позицијата. Тој не сфаќа дека позицијата му е лоша. Преку Павел Шатев, а го објави и Курир, праќа порака дека само Коце има двоцифрена разлика предност пред Шилегов. Во другите општини таа разлика е само 4, 8 или 9 процентна предност. А, Шилегов, не му е ни до колена на Коце. Да имаа здрав разум ќе пратеа солидна порака на охрабрување до граѓаните“, вели Велиновска.

И двајцата предвидуваа дека локалната трка сепак ќе биде загубена за ВМРО-ДПМНЕ.

Погледнете го ставот на Велиновска од 43 минута од видеото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар

Горан Наумовски

Навредите од Неделковски кон Бендевска и Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи, реагираат од ЗНАМ

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

Левица: ФК Вардар тоне додека власта го штити нивниот пулен Миленко Неделковски

Горан Наумовски

ЗНМ: Миленко Неделковски го изгуби судскиот спор против Секуловска, Србиновски и Пировска

(ВИДЕО) Миленко Неделковски: Не сум виновен

Ана Ололовска