(ВИДЕО) Василевска: Ова не е нов образовен концепт, ова е тешка импровизација и смислено исполнување концесии

Од:

За коренитите промени во концептот на основното образование мора да има широка јавна дебата, она што сега се нуди е далеку од образовен концепт и не соодветстува со моделите кои беа дадени како пример – вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска на прес конференцијата посветена на најавениот нов модел на програми за основното образование кој го промовираше Минестерството за образование. Според новиот концепт ќе има спојување на повеќе предмети во еден.

„Концептот презентиран од Царовска во овие моменти, вака како што е претставен, е далеку од образовен концепт. Ова е тешка импровизација и смислено исполнување на концесии во која најмалку се водело сметка за образованието и неговата содржина. Оваа концепција не соодветствува со ниедна образовна програма во светот. Ова е концепт кој што е воден исклучиво за задоволување на нечии дневно-политички желби и потреби на една политичка гарнитура во заминување“ – вели Василевска.

Спред Василевска бришењето на предметот историја од основното образование доаѓа во моменти кога Заев ретушира историја и преговара за идентитетот.

„Интегрирањето на предметот историја, без притоа да се нагласи дали се работи за националната или светската историја, во предмет општествени науки заедно со географија и со граѓанското образование, не може да се гледа подалеку од денешницата кога македонскиот идентитет, јазик, историја и културната посебност се под огромен притисок. Ова не може да се восприми подалеку од подвиткување под негирањето на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет“ – рече пратеничката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми